Александрија Дувал (39) со својот автомобил во кој седела и нејзината сестра Анастасија, намерно излетата од патот и паднала низ карпа. При несреќата Анастасија починала, а Алексанрија завршила на судење во Мајами.
Како што пренесува 24сата, дечкото на починатата сестра сведочел и открил дека Александрија чудно се однесувала неколку дена после несреќата. Тие тројца живееле заедно, а Александрија од несреќата немала тешки повреди.
“Почна да се доближува до мене, како да ми се додворува… Седеше покрај мене, навистина блиску, со главата потпрена на моето рамо. Ја облекуваше облеката на нејзината сестра. Сакав да разговарам со неа за тоа што се случило, но несакаше да одговори на прашањата. Кога видов дека го облече фустанот на Анастасија, се почувствував вознемирено. Анастарија го носеше пред неколку дена.” изјавил за судот дечкото на Анастасија.
Тој кобен ден, тие тројца биле на кампување. Федерико и Анастасија отишле на одмор, а Александрија неповикана им се придружила. Поради тоа сестрите се расправале и тргнале со колата додека Федерико бил во тоалет. И други сведоци, покрај кои поминале виделе дека се раправаат, се кубат за коса и се удираат.
Близначките се родени во Њујорк како Алисон и Ан Дадо, но подцна ги промениле своите имиња. Неколку пати се преселувале, имале студио за јога и имале досие за возење под дејство на алкохол, напади и измами.