Повеќето луѓе во лето носат шише со вода и кога излегуваат од автомобилот, намерно или ненамерно, го оставаат во него. Но, тоа може да биде многу опасно
Иако на прв поглед изгледа нелогично, бидејќи водата е во шише, проблемот е во кружниот дизајн, пишува изданието Reader’s Digest. Шише со вода е како лупа, а водата во неа содржи светлина и топлина загреана до одредена точка.
Точка на седиштето на која зраците од сонцето се фокусирани може да се загрее до точка на палење, доволно за материјалот на седиштето почне да гори.
Токму тоа му се случило на еден техничар за батерии, Дион Амучастеги, кој преку видео и покажува како.
Седел во паркиран автомобил и јадел. Одеднаш забележал чад. Кога погледнал, сфатил дека точно под шишето со вода почнува да се развива пламен.
„Беше доволно жешко за да се запали седиштето“, вели тој.
Safety Check: Water Bottle in a Hot Car
Did you know that on a hot day, a see through water bottle in your car has the potential to start a fire? Neither did Stations Battery Technician Dioni Amuchastegui.
Gepostet von Idaho Power am Donnerstag, 13. Juli 2017
Бидејќи не му се верувало дека такво нешто може да се случи, тој повторно го сторил тоа. Седиштето му загорело на две места.
Иако едно шише со вода, воопшто не треба да се полни повторно со вода поради ослободувањето на хемикалии од пластиката во водата, ако веќе треба да ги оставите во автомобил, тогаш најдобро е истото да го ставите под седиште, далеку од сончевите зраци.
Извор: dodajgas.mk