Бидејќи негуваните усни се убави усни!
За нега на кожата, ќе потрошиме стотици, ако не и илјадници денари месечно, ќе ги пробаме сите најнови серуми кои ветуваат совршена кожа, но изгледа дека секогаш забораваме на усните на кои исто така им е потребна нега.
Балсамите за усни се клучен дел од секоја beauty рутина, бидејќи освен нега и заштита од сонце, одредуваат како некои кармини или сјаеви ќе реагираат на усните, а ние веруваме дека никој не сака карминот да почне да се суши на усните по само неколку часа. Од едноставни балсами што ќе им обезбедат нега на усните, до богати маски за усни и балсами во бои, ова се 10 те производи за нега на усни кои вреди да ги пробате.