Rihanna доби конкуренција: Lady Gaga тајно започна козметичка линија

3 јануари, 20190
lady gaga

Годината зад нас беше многу успешна за Lady Gagа која го сними филмот „A Star Is Born“ и доби три номинации за Греми за песната „Shallow“, а во новата година популарната пејачка заплови во дизајнерските води.

Имено, Гага во тајност ја започна својата козметичка линија Haus Beauty, која што не ни е многу позната. Многумина веќе коментираа дека Гага е подготвена да и парира на колешката Рајана и на нејзината Fanty beauty линија.

Гласините за тоа дека музичката ѕвезда ќе започне своја козметичка линија започнаа во мај. Haus Beauty ќе се состои од парфеми и производи за нега на кожа.

Не се споменува дали оваа козметичка линија ќе вклучува производи за шминкање, но многумина веруваат дека Гага би имала што да понуди на ова поле, со оглед на нејзиниот непредвидлив и авангарден стил.

Лејди Гага не е сосема нова во индустријата за убавина. Таа веќе го има својот парфем Fame кој го претстави во 2012. година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber