Афогато – италијанско кафе со сладолед
21 јуни, 20190

Сладок напиток кој ќе ве разбуди и освежи.
– чаша силно кафе (најдобро еспресо, а доколку немате, тогаш било кое инстант кафе)
– голема топка сладолед
– амарето или сладок сируп по ваш избор (карамела, бадем, чоколада)
Сварете го кафето. Во чашата ставете една топка сладолед и прелијте ја со топлото кафе.
На крај, додадете го сирупот, одлично би било со малку амарето, но може и со било кој друг сируп или ликер по желба.
Ова обично се служи како комбинација од кафе и десерт на крајот на оброкот!
Пријатно!