Анџелина Џоли се подготвува за најголемиот предизвик во нејзиниот живот

29 август, 20190
j

Иако да се биде мајка на шест деца е поголем предизвик дури и од нејзината филмска кариера, една од највисоко платените актерки во САД и амбасадор на ОН, 44-годишната Анџелина Џоли, би можела да прифати предизвик кој е поголем од било кој досега. Поточно, Breitbart пишува дека Анџелина направила You Tube канал за хуманитарна работа, меѓу другото, ја опишува ОН организацијата и се занимава прашањата за раселување на населението и придонесува во процесот на изнаоѓање решенија за оние кои присилно ги напуштиле своите домови. Breitbart сугерира дека со започнувањето на својот канал, актерката всушност се подготвува за претседателските избори во САД во 2020. година и дека има намера да биде претседател на најмоќната земја во светот.

https://www.instagram.com/p/B0n0_PDIkv9/

За повеќето актерки во Холивуд се знае дека се левоориентирани и често го критикуваат десничарскиот републиканец Доналд Трамп, а единствената жена кандидат, Хилари Клинтон, нема реални шанси да победи на изборите во 2020. година по поразот од Трамп во 2016. година.

’Искрено, да ме прашавте пред 20 години, само ќе се насмевнев слатко. Навистина не знам. Јас секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна. Не знам дали сум погодна за политика, но кога ќе помислам дека немам повеќе што да кријам, тогаш мислам дека сум отворена за таа можност. Има многу работи кои треба да се издржат“, одговори актерката на прашањето за можноста да се кандидира за претседател кон крајот на минатата година во интервју за BBC Radio 4 Today.

https://www.instagram.com/p/B1Y3vN7p0gc/

Тогаш водителот на шоуто Џастин Веб кажа дека ќе ја предложи на списокот на потенцијални кандидати за изборите во 2020. година, на што Анџелина се смееше и одговори: ‘Благодарам!’. Инаку, Џоли не е единствената славна личност за која се шпекулира дека е во предизборната трка. Се зборува дека 73-годишниот актуелен американски претседател би можел да се натпреварува и со 65-годишната водителка Опра Винфри, иако сè уште не го потврдила тоа официјално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber