Бар Рафаели: Затајувањето данок скапо ќе ја чини
13 мај, 20190
Супермоделот Бар Рафаели е обвинета за затајување данок во Израел и сега треба да плати 2,25 милиони долари.
Таа, исто така, ќе мора да ги плати судските трошоци од околу 34.000 долари, пренесуваат израелските медиуми.
Судот го отфрли тврдењето на Рафаели дека во 2009. и 2010. година постојано живеела во странство со нејзиниот тогашен дечко, холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо, и дека поради тоа во текот на тој период таа не должела за данок.
Во пресудата се вели дека во 2009. година во Израел поминала 185 дена, а наредната година – 131 дена.
Пресудата беше објавена само два дена пред почетокот на натпреварот за песна на Евровизија во Тел Авив, каде што таа е една од водителките.