Бебе број два?
4 февруари, 20190
Старлетата се намерачи да го шири семејството со раперот.
Иако неодамна, на прашањето на еден обожавател дали е бремена, младата богата Кајли Џенер (21) одговори дека не е, но изгледа дека сепак и се „мотаат“ бебиња во главата.
Таа на нејзиниот Instagram профил, објави фотографија со момчето Тревис Скот, како седат прегрнати на скали, а во описот напиша: „Бебе број 2?“
Ова многумина ги наведе да помислат дека ријалити ѕвездата е повторно бремена или наскоро планира да биде.
Кајли и Тревис пред една година ја добија ќерката Сторми, која во петокот го прослави својот роденден.