Beyoncé подготвува две големи изненадувања за своите обожаватели

8 април, 20190
B

Што ни подготви Queen B овој пат?

Освен што нејзиниот глас ќе го слушаме во улогата на Nalа во live-action филмот „The Lion King“, кој ќе пристигне подоцна оваа година, дознавме дека Beyoncé подготвува две извонредни изненадувања за нејзините обожаватели.

Медиумите од блиски соработници на познатата пејачка дознаа дека таа моментално работи на неколку нови песни кои ќе се најдат на луксузниот албум, кој ќе претставува пресек на нејзината богата кариера, а ако судиме по ненадејното издавање на албумот Lemonade 2016. година, веруваме дека Beyoncé и овој пат ќе не изненади и воодушеви.

Исто така, познатата пејачка, наводно, подготвува документарен филм во соработка со Netflix, кој ќе се фокусира на нејзиниот голем настап минатата година – Coachella, која го одбележа со изведба на нејзините 26 најголеми хитови, а и се придружија и Michelle Williams, како и нејзината сестра Solange и нејзиниот сопруг Jay-Z.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *