Carine Roitfeld стана стилски консултант за брендот на Karl Lagerfeld

3 април, 20190
chanel

Carine Roitfeld ќе ја превземе новата улога во брендот на неодамна починатиот Karl Lagerfeld. Таа стана стилски советник за брендот. Потпиша договор во кој се согласи дека ќе биде на таа позиција во наредните три сезони.

 Во текот на нејзината кариера, Roitfeld во неколку наврати соработуваше со Lagerfeld, вклучувајќи го и заедничкото издавање на книгата „Little Black Jacket“ и работата на брендот H&M уште во 2004. година. Блиска соработка со брендот на Karl Lagerfeld имаше во почетокот на оваа година, создавајќи колекција наречена The Edit By Carine Roitfeld, која ќе биде објавена во септември 2019. година.

„Благословена сум и благодарна што имав можност да работам со Karl толку многу години – споделувавме не само професионален однос, туку и длабоко пријателство“, рече Roitfeld. „Тој секогаш ќе биде легенда кој ја редефинираше модата, фотографиите и славните личности. Чест ми е да работам на брендот на Карл Лагерфелд како стилски советник, презентирајќи ја неговата иконска визија за претстојните три сезони “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi