Циметот може да ви помогне за брз раст на косата

24 октомври, 20190
aa

Добро е познато дека лукот и пивскиот квасец имаат одличен ефект врз растот на косата, но дали знаевте дека циметот е исто така одличен за лекување на скалпот во случај на прекумерно опаѓање на косата?

Новинарка од списанието Allure била изненадена кога од фризерката слушнала необичен совет: „Само нанесете малку цимет на скалпот и добро измасирајте“.

Потоа овој податок го провери кај нејзиниот дерматолог, кој и објаснил дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори на скалпот.

Не постои официјална студија во која е потврдено дека по третманот со цимет, косата расте подобро и побрзо, но дерматологот Франческа Фуско вели дека нејзините пациенти биле крајно задоволни од овој совет.

Секој што сака да го проба циметот за борба против опаѓање на косата, се препорачува да набават ароматично масло од цимет и најпрво да го испробаат на кожата, а доколку нема никаква несакана реакција, внимателно нанесете го на скалпот. По масажата, маслото треба темелно да се измие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *