Кога поранешната германска манекенка Хајди Клум се вери со 16 години помладиот Том Каулиц, многумина беа изненадени. Сепак, сега се шпекулира дека причина за веридбата, по само девет месеци врска и очигледните емоции, е и тоа што очекуваат бебе.
Гласините ги „подгреа“ германскиот моден дизајнер Волфганг Џоп, кој седеше до Хајди во жирито на „Germany’s Next Top Model“. Тој во интервју за РТЛ, рече дека моделот и нејзиниот сопруг, покрај свадбата, очекуваат и принова.
Ниту Хајди, ниту Том не ги демантираа овие гласини. Да ве потсетиме, поранешната манекенка зад неа има два брака – со актерот Рик Пипин и пејачот Сеал.