Leonardo DiCaprio (44) и неговата девојка, аргентинската манекенка, Camila Morrone (22), веќе две години се во љубовна врска и покрај разликата во годините. Вљубениот пар е фотографиран како ужива на одмор во Италија, а страста што постои меѓу нив не може да се сокрие.
Фотографите се потрудија да погледнат и во нивната јахта.
Фотографијата на која заедно уживаат во џакузито собра огромен број лајкови, но повторно имаше од оние коментари кои го осудуваат славниот актер и неговиот избор да заведе 22-годишно девојка.
Потсетуваме дека оскаровецот и манекенката одамна ги запозна нејзиниот очув, воедно и негов близок пријател, Al Pacino.
– Сите зборуваат дека можно е наскоро да стапат во брак. Се зборува за веридба – изјави извор за „Metro“, насетувајќи дека Leonardo би можел конечно да го изгуби статусот за најпосакуваниот ерген.
– Camila поминува многу време со DiCaprio, а одамна ги запозна и неговите родители – тврди уште еден извор за овој странски медиум.