YSL Beauté им даде мала задача на своите фанови: на официјалниот Instagram профил, брендот објави неколку кратки видеа во кои се слуша само глас. Така, YSL им понуди на обожавателите опција самите да утврдат кој точно ќе стане нивниот нов амбасадор и новиот „глас на бреднот“. Овој длабок тон, изговарајќи “Косово”, тешко е да не се препознае.
Да, Dua Lipa станува новиот амбасадор на брендот. Stephan Bezy, меѓународен генерален директор на YSL Beaute, пејачката ја нарече “гласот на генерацијата, симбол на независноста и слободата”. Самата Dua Lipa е многу ентузијастична за соработката: “Ја ценам довербата, силата, мислам дека не треба да правите компромиси со себе, но треба да го правите она во што верувате, да бидете горди на тоа што го правите. Истата филозофија е темел на новиот парфем.“