Џесика Симпсон, пејачка и успешен модел, изминативе 9 месеци водеше битка со проблемите со бременоста, отоци, килограми… се до овој 19-ти март, кога пристигна на свет нејзиното трето бебе, девојче на кое и дадоа необично име Бирди Меј Џонсон. Џесика, на првата фотографија од породилното одделение, напиша:- Многу сме среќни што можеме да го објавиме раѓањето на нашата совршена ќерка, Бирди Меј Џонсон. Овој 19-ти март. Тешка е 4,5 килограми!
Прекрасна вест за почетокот на пролетта.