Ѕвездата на „Game Of Thrones“ проговори за депресијата

19 април, 20190
санса

Со години се бори против депресијата.

Таа во моментов е една од најпопуларните актерки во светот, благодарение на серијата „Game Of Thrones“, 22-годишната Sophie Turner, во улогата на Sansa Stark, во гостувањето во емисијата на “Dr. Phil “, откри дека во времето на најголемата популарност на серијата, таа ги доживеала најтешките моменти во нејзиниот живот.

Имено, изминатите шест години таа се бори против депресија, а призна дека, исто така, размислувала и за самоубиство.

„Со депресијата се борам веќе шест години. Најтешко ми беше да станам од кревет, да излезам од дома и да научам како да се сакам себеси. Сè тргна наопаку во пубертетот кога имав околу 17 години. Метаболизамот ми стана многу бавен и почнав да се дебелеем. На социјалните мрежи го коментираа мојот изглед, тело и глума, а јас верував во сето тоа. Си зборував дека сум дебела и лоша актерка. Верував во тоа“.

„Чудно е. Многу размислував за самоубиството кога бев помлада. Не знам зошто. Можеби тоа беше само чудна фасцинација. Не мислам дека би го направила тоа. Не знам“, откри таа, додавајќи дека не знаела како да се справи со критиките на социјалните мрежи. „Тоа придонесе за мојата депресија, но не мислам дека тоа беше главната причина. Мислам дека тоа беше еден вид на хемиски дисбаланс во моето тело “, заклучи Sophie.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi