Едноставен, а впечатлив маникир кој ќе ги разубави сивите денови
Новиот маникир секогаш е добар начин за освежување на изгледот, а шаренилото совршено ќе се вклопи во сивите денови на кои ќе им даде малку боја и радост.
Трендовите за маиникир често се менуваат, па новите идеи секогаш нè радуваат и не инспирираат за нов маникир. Од време на време не е лошо класичниот маникир да го замените со друг, кој можеби не е типичен за вашиот стил. На Instagram се повеќе е популарен маникирот кој наликува на деновите од детството – оние денови кога ноктите ги лакиравме во различни бои. Денес, овој шарен маникир изгледа интересно и свежо, особено доколку користите нежни тонови. Пастелните бои се одличен избор за лак за нокти, а оваа година Институтот Пантене коралната боја ја прогласи за боја на 2019. година. Покрај неа, секогаш се популарни nude тоновите кои нудат суптилен и софистициран изглед, како и сите розови нијанси.