Дека на познатата актерка Felicity
Huffman и се заканува затворска
казна од четири до десет месеци, поради скандалот за давање мито во престижниот колеџ се пишуваше уште во април. Актерката тогаш ја призна својата
вина, а поради тоа наскоро ќе мора да ги сноси последиците.
Имено, ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ одлучи да се спогоди со обвинителството, кое и одреди четири месеци затвор, со мала парична казна и една година условно ослободување.
– Срам ми е поради она што го направив, тоа беше погрешно. Фактот дека
сакав да и помогнам на ќерката не е изговор за кршење или непочитување на
законот – рече Huffman, наведува Klix.
Според извештаите на
американските медиуми, актерката, затворската
ќелија ќе ја дели со две или три жени, а нејзините секојдневни обврски ќе
вклучуваат и чистење на тоалетот.