
Иако само што зачекоривме во пролетта, славните манекенки веќе скокнаа во костимите за капење.
А покрај фактот што нивните фотографии ја зголемија температурата на социјалните мрежи, Кендал Џенер и Џиџи Хадид најавија и еден хит тренд за летото – костими за капење во жолта боја.
Кендал уште пред една недела објави кратко видео на нејзиниот Snapchat во коe позира пред огледалото во минијатурни жолти бикини со триаголен горен дел и трендовски долен дел таканаречено деколте на колковите.
Џиџи сепак одбра бикини со рамен горен дел во стилот на спортски топ, а на фотографијата што ја објави, не воодушеви и со нејзината светла сламена шапка со извезени пердуви.
И со оглед на нивната несомнена влијателност врз трендовите, оправдано можеме да веруваме дека жолтите бикини ова лето ќе бидат огромен хит, а во прилог на овој тренд оди фактот дека жолтата боја совршено одговара на потемнет тен.