Празничните денови се одлична можност за познатите дами да ги претстават новите и неверојатни стилови.
Не ни очекувавме ништо помалку од прекрасната Beyoncé која на Instagram објави неколку фотографии , ја зголеми температурата на оваа социјална мрежа и покажа дека празничниот стајлинг може да биде во најсекси издание.
Долгото сребрено металик сако и кратките шорцеви, ги искомбинира со бела ташничка и проѕирни чевли.
Со одличниот аутфит, таа совршено го вклопи драматичниот, темен кармин на усните и ефективните обетки, а косата испреплетена во плетенки е полн погодок.