
Иако сме навикнати на тоа да комбинираме парчиња во различна боја, гардеробата во nude нијанси може комотно да се носи од глава до пети.


Обично сме навикнати на себе да имаме само по некое такво парче, но оваа пролет треба да се охрабриме и да носиме nude облека од глава до пети.

Во неутрални нијанси на беж, розова или кајсија боја ќе изгледате провокативно, особено ако вашата облека е припиена за вашето тело.

Ако ви се допаѓа овој тренд, водете сметка само за нијансите што ги носите, бидејќи ако се сосема различни, може да изгледате неуредно.
