Индустријата за убавина станува се поголема – благодарение на познатите личности. Минатата недела, пристигна веста дека Ariana Grande планира да објави beauty линија наречена „Thank You, Next“, а Rihanna го проширува брендот „Fenty Beauty“ со производи за нега на кожа.
Сега, Hailey Biber, поднесе документи за да објави линија на козметички производи за нега на кожа под брендот „Bieber Beauty“. Брендот треба да го носи презимето на нејзиниот сопруг Justin.
И Justin и Hailey имаат искуство со промовирање на козметички производи. Музичарот претходно објави сопствена линија на парфеми. Тој, исто така, издаде линија на лак за нокти од брендот OPI. Неодамна направи чекор подалеку од музиката и започна модна линија наречена Drew House. Сè уште нема информации за тоа што може да очекуваме од брендот Bieber Beauty или кога ќе биде лансирањето, но можеме да очекуваме дека тоа ќе биде зелен бренд на убавина со акцент на природната убавина.