Холивудскиот актер е повторно среќен и заљубен во две децении помладата актерка

9 јануари, 20190
џим 0

Конечно ја пронајде новата животна среќа.

Актерот Џим Кери (56) на доделувањето Златните Глобуси дојде со две децении помлада девојка, актерката Џинџер Гонзага (34).

По трагичната смрт на поранешната девојка на актерот, Кетрион Вајт и сериозните обвинувања од нејзиното семејство – дека тој е виновен за нејзиното предозирање со лекови, Џим се заљуби во помладата колешка, која е една од забележаните улоги во комедијата „Ted“.

Двојката изгледаше среќно и заљубенo на црвениот тепих, а додека позираа пред фоторепортерите, не ја симнаа насмевката од лицето.

Џенифер е навистина неверојатна жена, голем актерски талент и  е фантастична девојка. Среќен сум и заљубен, таа ми е голема љубов – изјави актерот за американскиот медиум „Extra“.

Да ве потсетиме, поранешната девојка на Џим, Кетрион, беше пронајдена мртва во својот стан во Лос Анџелес во јуни 2015. година, а таа почина од предозирање со лекови.

Кери и неговата поранешна двојка се разделија само неколку дена пред нејзиното самоубиство, а семејството на Кетрион го обвини актерот за нејзината смрт.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi