Актерката Cameron Diaz не криеше дека се одлучи за живот без деца, а честопати потенцираше дека не се гледа себеси како мајка.
– Не сум личност без емоции, ниту мојата одлука ме прави себична, да не мислите дека тоа е причината. Обожавам да им помагам на луѓето, но исто толку го сакам и она што станав. Јас можам целосно да се посветам на себеси, да работам на себе и да бидам тука за другите, но едноставно не се гледам како мајка. Јас сум она што сум и мислам дека мојот живот, без деца, е апсолутно добар. Повеќе не се грижам што одамна ја донесов таа одлука – порано рече таа, но таблоидите сега, точно еден месец пред нејзиниот 47 роденден, откриваат дека сепак е бремена.
За актерката се вели дека е во напредна бременост, но ниту Cameron, ниту нејзиниот сопруг, рокерот Benji Madden, не кажаа ништо по тој повод.