Како да се облечете за на забава и да станете ѕвезда на Instagram? Следете го чекорот на Ријана
2 мај, 20190
Кралицата со впечатлив стил!
Ријана присуствуваше на концертот на јамајканскиот музичар Бују Бантон на островот Барбадос. Таму ѕвездата се појави во спектакуларно издание.
Таа носеше Off – White одело со жолто-сив принт, кое што Бела Хадид го претстави на модната ревија пред неколку месеци. Аутфитот го надополни со долги плетенки и големи дијамантски обетки.
Ријана на нејзиниот Instagram профил сподели фотографија од настанот и предизвика силна реакција кај фановите – за само неколку часа заработи 2,5 милиони лајкови.