Кажете им збогум на вирусите: Моќен напиток од ѓумбир кој ги брка сите зимски болести
5 февруари, 20190
Сезоната на вируси и грипови, пополека го достигнува својот максимум и затоа е потребно да се наоружате со сите одбранбени средства, најдобро со природни.
Вкусниот и топол пијалок од ѓумбир ќе ги затопли „ладните“ коски и ќе ви помогне да бидете отпорни на настинки и многу други непријатности. Само една голтка од овој пијалок ќе направи чудо за вашето тело и ќе ви помогне да се справите со сите вируси.
Состојки:
- парче свеж ѓумбир
- 1л. обична вода
- неколку лажички домашен мед
- 1 лимон
Подготовка:
- излупете го ѓумбирот и исецкајте го на тенки парчиња
- ставете го ѓумбирот во лонец и полијте го со топла вода, па оставете го да се вари барем 15-20 минути на умерена температура.
- потоа, тргнете го од оган и оставете го да одстои барем 5 минути
- одвојте го ѓумбирот од течноста, течноста засладете ја со домашен мед и исцедете лимон по желба и испијте го додека е топло
Причини поради кои би требало да го пиете овој пијалок:
- Ги зајакнува телото и имунитетот
- Го забрзува закрепнувањето ако сте болни
- Ги смирува гадењето и нервозата во стомакот
- Делува смирувачки на нервниот систем
- Ја регулира работата на цревата и ја намалува надуеноста
- Ја подобрува циркулацијата
- Ќе ве стопли подобро од најдебелото зимското ќебе