Ким Кардашијан се појави во фустан во кој изгледаше како грчка божица!

27 февруари, 20190
1

Ким Кардашијан, во понеделникот пристигна во Канада за да присуствува на изложбата во музејот во Монтреал посветен на креациите на Тери Муглер.

Ким на социјалните мрежи објави фотографии од својот фустан во кој таа наликува на грчките божици од Олимп и изјави дека се чувствува како да оди на матурска ноќ.

Ѕвездата ја помина вечерта во Монтреал – Музејот на уметноста и присуствуваше на ВИП вечерата пред самото отворање на изложбата која ќе се одржи на 2-ри март. Според медиумите, на шоуто ќе присуствуваат Тајра Бенкс, како и некои кралици.

На изложбата ќе бидат прикажани повеќе од 130 парчиња, дизајнирани од страна на Муглер, вклучувајќи ги и оние од 1973. до 2001. година.

Познатиот дизајнер има соработувано со некои од најголемите имиња на шоу-бизнисот, вклучувајќи ги Лејди Гага, Дејвид Бови, Селин Дион, Бијонсе и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber