Кое е најдоброто органско масло за вашиот тип на коса?

popara4 октомври, 20191min00
koska

Сигурни сме дека веќе знаете дека природните органски масла се вистински благодет за нега на косата – тие се грижат за хидратација, сјај, мекост и свиленкаста текстура, ве ослободуваат од првут, испукани врвови.

Кокосово масло – Ова масло е најефикасно и најчесто се препорачува како природен третман за нега на коса. Покрај тоа што го смирува скалпот, ги елиминира и штетните ефекти на смогот и УВ зраците. Кокосовото масло може да ја регенерира косата чие здравје е нарушено поради постојано фарбање и хемикалии. Ако сонувате за масажа на главата, малку загреано масло од кокос е идеално за ова. Значи, ако имате многу оштетена и исушена коса најдобар избор за вас е органско рафинирано кокосово масло кое можете да го купите во која било продавница за здрава храна.

Рицинусово масло – рицинусово масло е најдоброто решение за сувиот скалп бидејќи делува како многу силно хидратантно средство и го подобрува растот на косата. Ако интензивното опаѓање на косата е вашиот главен проблем, ова масло ќе се погрижи за обновен раст и зајакнување. Масирајте го во скалпот и оставете да делува цела ноќ. Наутро измијте го со шампон. Овој третман правете го еднаш неделно и ќе забележите подобрување на квалитетот на косата за неколку месеци.

Маслото од јојоба – Ова масло е погодно за сите типови коса, и е познато по тоа што помага за сува и испукана коса.

Масло од нане – Добрата циркулација и протокот на крв низ главата до скалпот се неопходни за здрава и густа коса. Маслото од нане ќе се погрижи за ова и ќе обезбеди доволно кислород. Резултатот ќе биде цврста и густа коса.

Масло од лимон – ако имате мрсна коса, тогаш ова цитрусно масло е идеално за вас. Исто така е одлично за борба против првут и воспаление на скалпот. Нанесувајте го еднаш неделно и оставете да делува еден час, а потоа измијте со благ шампон.

Масло од бадем – Маслото од бадем е богато со омега-3 и омега-6 масни киселини, за кои е познато дека ја зајакнуваат и ја ревитализираат косата. Масирајте го скалпот со ова масло двапати неделно за да го поттикнете растот на косата.

Масло од чајно дрво – Ова масло им одговара исто така на луѓето со мрсна коса затоа што го контролира создавањето на себум, маснотии на скалпот, но во исто време ја враќа влажноста на косата. Чајното дрво е исто така добро решение за првут, а можете да комбинирате неколку капки со маслиново масло за да ја задржите вашата коса сјајна и негувана.

Маслиново масло – Маслиновото масло е најдобриот пријател со сувата коса, особено поради летните фактори како што се сонцето и морската вода. Кога ви е потребна дополнителна нега, нанесете го маслото на вашата коса и скалпот, а потоа завиткајте ја со топол печкир. По половина час измијте ја косата со шампон за секојдневна употреба.