Славната ријалити ѕвезда Kylie Jenner неодамна беше прогласена за најмладата милијардерка во светот. Таа пред 16 месеци ја доби својата ќерка Stormi со еден од највлијателните рапери на денешницата, Travis Scott, a како што изгледа, на бранот на популарноста сака да ја искачи и својата ќерка.
Jenner организираше снимање со малата Stormi, а како и обично фотографката сакаше да ја мотивира малата на снимањето. Во неколку наврати, детето го мотивираше да го изговори своето, а исто така и името на нејзината братучетка Тrudy, а Stormi се обиде да го стори тоа. Резултатот е очекувано пресладок и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.