Margot Robbie: Светот под нозе

popara5 април, 20191min00
margo

Австралиската актерка Марго Роби, која продавала сендвичи во Мелбурн чекајќи ја својата прва улога, купила билет во еден правец за Лос Анџелес, каде што по шлаканицата на Леонардо Дикаприо ги реализираше своите соништа.

Харизматичната и секогаш насмеана Марго Роби (28) во моментов е најангажираната актерка во Холивуд и храбро оди кон врвот на листата на најплатените. Во оваа русокоса се вљуби Квентин Тарантино, давајќи ѝ ја улогата во филмот “Еднаш во Холивуд”, а следната година ќе стане барбика во комедијата која што самата ја продуцира. Без оглед на силните договори и милионите што ги заработува, убавицата не ја изгубила скромноста на која е научена додека растела во Австралија: неодамна, на мајката Сара и сестрата Анџи во знак на благодарност им купи куќа во нејзиниот роден град, Далби. Пред тоа, од својот прв хонорар и помогна на својата мајка да ја плати хипотеката на нејзината куќа.

Роби, која наликува на актерките од Златното време во Холивуд, е дете на разведени родители. Таа пораснала со својата сестра и двајца браќа на плажите на Златниот брег.

– Не знам како мајка ми излезе на крај со нас, бевме невозможни. Таа беше моја движечка сила, а денес е пример – искрената актерка, никогаш не зборувала за нејзиниот татко, додека медиумите велат дека тој е австралискиот тајкун Даг Роби, а оваа информација таа никогаш не ја негирала, ниту ја потврдила.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag