
Не ја крие возбудата.
Според британскиот весник „Daily Mirror“, војвотката од Сасекс, Maghan Markle на своите пријателки за време на baby shower-от во Њујорк им открила дека носи момче. Имено, неименуван извор тврди дека Meghan на Serena Williams, Amal Clooney и останатите пријателки и пријатели на луксузната забава им кажала дека ќе роди момче, иако на самиот почеток на бременоста не сакаше да го знае полот на детето.

Иако организирањето baby shower е спротивно на строгите кралски правила, Меган сепак уживаше со пријателките кои и подарија подароци за нероденото бебе, во апартман во еден луксузен хотел во Њујорк. Наводно, приватениот лет од Њујорк и бил подарок од Amal Clooney. Meghan веднаш по забавата отпатувала во Лондон, а таа избрала приватна служба за безбедносна придружба, наместо кралското осигурување. Палатата Кенсингтон не сакаше да коментира за повторното кршење на кралскиот протокол од страна на Војвотката од Сасекс.