Beyoncé и Jay-Z и ја посветија BRIT наградата на Meghan Markle на доста необичен начин

25 февруари, 20190
bb

Meghan Markle наместо Mona Lisa? Kaj Beyoncé и Jay-Z сè е возможно!

Во средата, на 20-ти февруари, се одржа церемонијата на доделувањето на Brit Awards, а Beyoncé и Jay-Z беа удостоени со наградата за најдобра интернационална група за нивното дуо „Carters“.

И додека познатата двојка не успеа да присуствува на прославата на Лондонската О2 Арена, испратија видео на кое им се заблагодарија на фановите и ги изненадија со сликата во позадина!

Додека носеа слична облека како од спотот за песната „Apeshit“, која беше снимена во Лувр во Париз, овој пат стоеја пред сликата на Војвотката Meghan Markle, наместо како во оригиналното видео пред – Mona Lisa.

„Ви благодариме за оваа голема чест. Секогаш многу не поддржувавте. Сè е љубов, ви благодарам“, рече пејачката, на што нејзиниот сопруг накратко рече: „Нема за што“.

Смеејќи се, двајцата се свртеа кон сликата на Меган, а на самиот крај се слушна и гласот на нивната ќерка Блу, која праша: „Зошто?“

Иако не е споменато во самиот говор, пораката за поддршка на поранешната актерка беше јасна и во стил кој може да го направат само Beyoncé и Jay-Z.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi