
Спортскиот дух на супермоделот
Луксузниот спортски клуб Equinox Hotel претстави краток филм во кој глуми супермоделот Naomi Campbell.
Во видеото, поделено на три дела, ѕвездата се наоѓа во затворена огледална коцка. Во првиот дел, наречен Move, таа го покажува нејзино истегнување, боксува и трча, во делот наречен Nourish јаде овошје, а во Dream симболично го крши стаклото.
Наоми рече дека долго време била член во Equinox и дека нивниот концепт целосно го одразува нејзиниот пристап кон животот и здравјето.