Целиот раскош на меѓусезонската кампања на Карл Лагерфилд за есен – 2019.
Главната инспирација за предесенската кампања на Карл Лагерфилд за Fendi беше резбаната врата од 19-тиот век во Франција, дизајн кој ги спои неочекуваната графика и фантастичните мотиви.
Транспарентни, асиметрични, набрани фустани во комбинација со oversize палта и шарени чевли и метални сини нијанси го подигнуваат општото расположение кое се сведува на практичност, помешано со живописно чувство за убавина.
Логото на куќата на Фенди совршено се вклопува во вид на метално копче на лелеавите фустани. Еден од оригиналните делови на меѓусезонската колекцијата Fendi се свилените кимоно јакни со барокни орнаменти и крзно на ракавите.