
Фаталната средба на Priyanka и Nick се случи во 2017. година на забавата на Met Gala. Кратко потоа, почнаа да се забавуваат, а само еден месец подоцна, поранешната мисица се сретна со семејството на десет години помладиот музичар.
Откако за брзо сфатија дека се родени еден за друг, тие не чекаа долго за веридба и брак, а за да Priyanka биде целосно среќна, Nick инсистираше, покрај христијанска, да биде одржана и хинду церемонија.
Младиот брачен пар ужива во нивната љубов, но сѐ уште не се подготвени да го прошират семејство.
“Не се брзаме за деца, сè уште уживаме еден со друг”, рече Nick.