Првите кадри од новиот, деветти, филм на режисерот Квентин Тарантино со наслов „Once Upon A Time in Hollywood“ беа објавени денеска. Јавноста ја заинтригира информацијата дека дејствието на филмот е сместено во Лос Анџелес во 1969. година и дека станува збор за масовниот убиец, Чарлс Менсон, кој со својата секира убил девет лица. Бред Пит и Леонардо Дикаприо ќе глумат во ова остварување, но ниту еден од нив не го игра Менсон, туку двајца актери кои се мачат да добијат улоги.
ДиКаприо ќе биде поранешна телевизиска ѕвезда, а Пит ќе биде неговиот двојник. Нивните ликови се првите соседи на Шарон Тејт, најпознатата жртва на Менсон. Компанијата Sony Pictures објави дека филмот премиерно ќе биде прикажан на 9 август 2019. година.