
Иако секогаш сме во потрага по нова модна инспирација и градови кои што нè изненадуваат со street-style сцената, секогаш се враќаме во Париз и на францускиот стил кој никогаш нема да ни здосади, особено откако откривме нов бренд кој е олицетворение на францускиот шарм.
Станува збор за брендот наречен Françoise, а зад него стои дизајнерката Johanna Senyk, која исто така ја знаеме како дизајнерка на популарниот бренд Wanda Nylon. Првата колекција на новиот бренд Françoise ќе биде достапна на трговската услуга Matchesfashion, а веруваме дека ќе биде распродадена во рекордно време.
Ако сте љубители на силуетата од 70-тите, patchwork фустанчиња и романтични кошули тогаш едноставно ќе го обожавате овој бренд.