Потребни состојки:
- 200гр. спанаќ
- 3 чешниња лук
- 3 лажици масло
- 1 лажица брашно
- 1 говедска коцка за супа
- 1 чаша кисела павлака
- 1 жолчка од јајце
- Бибер
- Сол
- Пармезан
Подготовка:
Ситно исечето го спанаќот. Загрејте го маслото и додадете го брашното. Пропржете и потоа додадете го исецканиот лук. Малку пропржете го лукот и додадете го исецканиот спанаќ. Прелијте со 1.5-2 литри вода, додадете ја коцката супа и гответе на умерена температура. Повремено мешајте и после 30 минути, зачинете по желба. Додадете ја жолчката и на крајот павлаката. Павлаката можете да ја додадете и откако ќе ја сервирате супата. На крај додадете и малку пармезан одозгора.