Принцот Harry и Мeghan се Гинисови рекордери: Најбрзи до милион followers на Instagram

4 април, 20190
Capture

Принцот Хари и Меган Маркл, отворија официјален профил на „Instagram“.

Британската кралска двојка, Принцот Хари и неговата сопруга Меган, успеаја да соберат милиони следбеници на заедничкиот Instagram профил побрзо од било кој друг, изјави Гинисовата книга на рекорди.

Во вторникот, тие отворија заеднички Instagram кој доби милион следбеници за помалку од шест часа и лесно го победија рекордот на јужнокорејската поп-ѕвезда Канг Даниела. Кралската двојка досега собра повеќе од 3,3 милиони следбеници. Хари и Меган профилот го нарекоа „sussexroyal“ и изјавија дека ќе го користат за да споделуваат важни објави.

Интересот за нивниот профил веројатно е зголемен поради фактот дека Меган треба да се породи кон крајот на април или почетокот на мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber