Ова ја олеснува анксиозноста

popara28 мај, 20191min00
GettyImages-973159304

Едноставна вежба за дишење може да ви помогне со полесни случаи на анксиозност.

Анксиозноста не е само привремено чувство кое ве обзема кога имате „тесен“ рок на работа или треба да пробате нешто ново, она со што се среќавате за прв пат во вашиот живот.

Постојано е присутна и понекогаш се појавува дури и ако нема најмала причина за вознемиреност.

Ако страдате од анксиозност, еве совет што може да помогне со поблага состојба.

Едноставна вежба за дишење „4-7-8“ понекогаш е доволна за да се разбие маѓепсаниот круг на вознемиреност, вина и загриженост, вели психологот и психотерапевт д-р Ендру Веил.

Тоа е едноставен метод за дишење што го запира чувството на вознемиреност, дејствувајќи на воспалителни процеси во телото кои почнуваат да „дивеат“ поради ненадеен скок на стрес хормонот кој се јавува кога имаме напад на анксиозност.

Еве што треба да направите:

Седнете во удобна положба, исправете се и поставете го врвот на јазикот така што че го допирате работ на непцата, веднаш зад предните заби на горната вилица.

Свесно намалете ја дијафрагмата, длабоко вдишете преку носот, броејќи во себе до четири.

Држете го здивот броејќи до седум, а потоа отворете ја устата малку и издишувајте пополека, на уста, броејќи до осум.

Повторете го циклусот четири пати.

Првите неколку пати можеби ќе имате чувство на блага вртоглавица, но наскоро ќе престане.

Оваа техника на дишење обезбедува моментално олеснување за поблаги напади на анксиозност, но нејзиниот полн ефект ќе го осетите по осум недели во текот на кој ќе ја вежбате оваа вежба два пати на ден, без разлика дали сте во „криза“ или не.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag