Овие трендсетерки ќе ве инспирираат да носите украси за коса
10 јуни, 20190
Ако мислевте дека vintage аксесоарите се само уште едни во низата на краткотрајни трендови, сте се измамиле. Всушност, се чини дека украсите за коса се еден од најголемите летни трендови. Неодоливите vintahe шноли и шнолите со натписи, сѐ уште се број еден, но исто така тука се предимензионалните венчиња, турбани и марами за коса. Бидејќи сите сакаме да го поминеме летото во наједноставните фустани, украсите за коса се одличен начин за целосно да ја промениме комбинацијата, а high-street понудата е преполна со генијални шноли и други додатоци за коса по пристапни цени. Ако сѐ уште не знаете точно како да ги комбинирате, погледнете на кои начини ги носат нашите омилени трендсетерки.