За овој рецепт ви се потребни само 20 минути, а вкусот ќе ве фасцинира!
Состојки:
- 3 јајца
- 10 лажици брашно
- 1 ќесичка прашок за пециво
- 1 лажица сок
- 200 мл јогурт
- 200 гр свежо сирење, фета сирење, мелено месо или снапаќ и зачини по желба
Подготовка:
Јајцата добро изматете ги и додадете јогурт, брашно, прашок за пециво, лажица сол и зачини по желба.
Додадете ги состојките по желба, истурете во мал сад за печење и печете околу 20 минути на 180 Целзиусови степени.
Послужете со јогурт или со некој омилен пијалок.