Познатиот холивудски пар се „олесни“ за 4,5 милиони долари за нова вила во Њујорк.
Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс купиле нова куќа во Ирвингтон, Њујорк во вредност од 4,5 милиони долари.
Нивниот нов, прекрасен дом има 8 спални соби и 12 купатила. Изграден е во 1930-тите години во дваесеттиот век и е оддалечен само четириесет километри од Менхетен. Специјалните соби вклучуваат базен, теретана, соба за игри и седум камини.