Едноставна пита за подготовка, а едно парче има само 70 калории.
Состојки:
- 2 јајца
- 200гр. незасладено пире од јаболки
- 60 гр. интегрално брашно
- 20 гр. какао за колачи
- 1 лажичка прашок за пециво
- Засладувач по желба
- Малку екстракт од ванила по желба
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 Целзиусови степени.
Во сад нежно измешајте ги пирето од јаболко и јајцата. Додадете брашно, какао, прашок за пециво, засладувач по желба и можеби малку ванила.
Сè убаво измешајте.
Садот за печење обложете го со хартија за печење и подмачкајте ги краевите со масло.
Ставете го тестото во калапот и печете околу 35 минути.