Еден од најубавите парови во Холивуд, Блејк Лајвли (32) и Рајан Рејнолдс (42) со нетрпение го чекаат денот кога нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член. Познати како многу хумористични и забавни, Блејк и Рајан многу често се шегуваат на социјалните мрежи и ги забавуваат своите следбеници.
Сега канадскиот актер реши да ја изненади сопругата по повод нејзиниотроденден, а шегата се покажа толку смешна што многумина се прашуваат дали Блејк ќе му се одмазди.
Поточно, Рајан избра десет фотографии од него и неговата сакана сопруга, но Блејк на ниту една не изгледа како што треба. Таа или спие, или лошо се смее, или гледа настрана.
„Среќен роденден“, напиша кратко духовитиот актер во описот сетот од десетте фотографии.
Веруваме дека актерката е воодушевена од овој „подарок“, а дали ќе подготви одмазда ќе видиме.
Едно е сигурно – следбениците многу убаво се насмееја, а многумина се согласија дека „не постојат лоши фотографии од Блејк Лајвли“.