„Се слушна хистеричен вресок и удар по грбот“:Гвинет Палтроу на суд поради инцидент

popara31 јануари, 20191min00
gvinet 2

Докторот Тери Сандерсон (72) ја тужи холивудската актерка Гвинет Палтроу зашто наводно сериозно го повредила на скијање во 2016. година во американската држава Јута.

Сандерсон бара отштета од 3,1 милиони долари, тврдејќи дека во ски-центарот на Парк Сити, актерката налетала на него со скии, го удрила и продолжила со скијање, пренесува Daily Mail. „Слушнав хистеричен крик и удар по грбот“, вели Сандерсон, кој додава дека актерката не ни застанала за да види во каква состојбата е, и некако да му помогне.

Тој тврди дека потоа му пришол инструкторот за скијање, Ерик Кристијансен, кој му рекол дека тој самиот е виновен за несреќата и продолжил со скијање.

Инструкторот и Палтроу, наводно, не ја повикале ски патролата ниту пак известиле некој за повредениот човек. Се појави сведок кој тврди дека видел сè и ја препознал познатата актерка.

Сандерсон тврди дека се здобил со потрес на мозокот и дека оскаровката му скршила ребра. Актерката не се огласи за овој овој случај, но веднаш ангажирала адвокатски тим.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag