Сега кога веќе не сум зависник од филмови за возрасни, можам да бидам претседател

25 октомври, 20190
kv

Раперот Канје Вест изјави дека сака да стане претседател на Америка!

Канје, кој последниве години имаше со проблеми со менталното здравје, поради што мораше да биде хоспитализиран, во интервју рече дека планира да стане првиот човек во најмоќната држава во светот.

„Ќе има момент во иднина кога ќе бидам претседател на Америка и тогаш ќе се сеќавам на сите што беа на врвот, а не ја поддржуваа нашата култура“, рече Вест (42).

Не е многу јасно на кого мислеше, бидејќи повеќепати има изјавено дека го обожава и поддржува претседателот Доналд Трамп, иако заедницата на Афроамериканците е против него. Тој додаде и дека најверојатно ќе се кандидира уште во 2024. година.

Вест, кој има четири деца со Ким Кардашијан, рече дека исто така се справил со зависноста од филмови за возрасни.

„Бев зависник уште од петтата година, кога татко ми остави Playboy на маса. Ми требаше долго време да се ослободам од таа зависност.

Кога го снимав новиот албум, на неколкумина им реков дека треба да се воздржат од интимни односи за да бидат целосно фокусирани “, рече тој.

Канје, за крај се нарече „несомнено најголемиот уметник во историјата на човештвото“, најавувајќи дека неговиот нов албум „Jesus Is King“ треба да излезе на 27-ми октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *