Иако Дејвид и Викторија Бекам се во брак дваесет години, и на своите деца им даваат пример како би требало да изгледа здраво партнерство, нивниот постар син, Бруклин, се чини дека не може да се смири во љубовта.
Прво беше во врска со актерката Клои Морец, а потоа со манекенката Хана Крос. Нивната врска беше бурна уште од почетокот, па затоа често беа забележани како расправаат во јавноста.
Странските медиуми објавија дека парот решил да стави крај на врската. Веќе еден месец не се видени заедно, не објавуваат заеднички фотографии и одделно заминаа на одмор.
Семејството Бекам одморот го поминува во Италија, додека 21-годишната Хана ужива во Монте Карло.