Селена Гомез добива смртни закани

24 октомври, 20190
Capture

Младата американска пејачка, 27-годишната Селена Гомез го објави својот нов сингл „Lose you to love me“, кој зборува за нејзиното закрепнување по раскинувањето. И не им требаше многу време на фановите да заклучат дека песната е за нејзиното поранешно момче, 25-годишниот Џастин Бибер.

Но, изгледа дека фановите не се единствените што помислија дека Селена ја посветила песната на својата поранешна љубов. Сопругата на Џастин, 22-годишната манекенка Хејли Болдвин, очигледно дошла до истиот заклучок.

Веднаш откако Селена ја објави новата песна на „You Tube“, Хејли  возврати со screenshot на Instagram, и ѝ даде до знаење дека во моментот ја слуша песната – I’ll kill you. Фановите на Селена, објавата ја сфатија сериозно, а некои отидоа дотаму што тврдат дека на Хајли и се заканува на Селена со смрт.

„Песната тукушто е објавена, а Хејли веќе има што да каже“, e само еден од коментарите за потенцијалната порака на Хејли упатена кон Селена.

Песната е инспирирана од многу работи што се случија во мојот живот од објавувањето на последниот албум. Сакав да им дадам надеж на луѓето дека од другата страна  ќе излезат како посилни и подобри верзии од себе “, напиша Селена под најавата, со што само ги засили гласините дека песната е наменета за нејзината поранешна љубов. Во еден стих, Селена пее: Ме изневери и се гледа, за два месеци нè замени како да е лесно. Ме натера да мислам дека тоа го заслужив“.

Потсетуваме, љубовната драма на Селена и Џастин со години се одолговлекува. Официјално раскинаа во 2012. година, но се враќаа еден на друг се до минатата година, кога, за последен пат, раскинаа во март. Само два месеци подоцна, исто како и во песната, Џастин започна врска со Хејли. Еден месец подоцна, тие се верија и се венчаа во септември, додека пред црковниот олтар застанаа во септември оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *