Во рускиот национален парк Леопард е забележана една од најретките мачки во светот. Станува збор за Амурски леопард.
Овој вид е еден од најретките видови на мачки во светот, и се проценува дека постојат само уште 30-35 индивидуи. Меѓународниот сојуз за заштита на природата го прогласил амурскиот леопард за критично загрозен вид, што значи дека му се заканува опасност од изумирање во дивината.
Камерата успеа да ја фати мачката во крајбрежната област. Оваа снимка беше објавена во петокот.